Заврши третиот велешки полумаратон
Во организација на група граѓани , а со поддршка на Општина Велес, околу 340 натпреварувачи од земјава и странство денес учествуваа на третиот велешки полумаратон. Како учесник меѓу многуте натпреварувачи беше и Јасмина Палуровиќ, градоначалник на Крушевац ,град во кој исто така се одржуваат слични натпревари.
Во официјалниот дел во должина од 21 километар титулата најдобар во машка конкуренција ја понесе Ненад Живковиќ од атлетскиот рекреативен клуб "Маратонец"од Крушевац, Република Србија во женска конкуренција најбрза беше Тања Велјановска Савовска од клубот "Делта".
Во рамките на рекреативната трка (5 км) први на целта пристигнаа Кристијан Наумовски и Рената Соколовска. Оваа година полумаратонот беше со најголем број на учесници досега со што се вбројува меѓу првите 3 најмасовни манифестации во овој спорт во Македонија.
Општина Велес и во иднина ќе продолжи активно да се залага за подобрување на условите за развој на оваа атлетска дисциплина која станува се попопуларна меѓу граѓаните на Велес.
Конечен пласман:
21 км- Мажи
1.Ненад Живковиќ
2.Трајче Илијевски
3.Мики Поповски
21 км -жени
1.Тања Велјановска Савовска
2.Марија Пеликон
3.Ирена Стоименова
5км-мажи
1.Кристијан Наумовски
2.Миомир Алексовски
3.Филип Филиповски
5км -жени
1.Рената Соколовска
2.Бојана Наумовска
3.Јелена Доневиќ