Успешен фестивал со домаќинско трошење на средства

Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција ја извести јавноста за средствата потрошени за реализација на фестивалот на пити и вино.„ До овој момент обврските по прокнижени фактури изнесуваат 2.222.642 денари или 36.140 евра.

Приходите од донаторите и од закупот на тезги изнесуваат 777.130 денари или 12.653 евра“,За споредба, во 2017 година само на Чолиќ му се исплатени 40.384 евра, а на Рибља Чорба 7713 евра.Ова значи дека успеавме со многу помали средства и со промоција само на нашата домашна музика истовремено да заштедиме средства на граѓаните на Велес и да организираме успешна манифестација со содржини соодветни за публиката од сите генерации“, рече градоначалникот.