Коцевски: Одлуката за цена на водата не е донесена

Како одговор на новинарско прашање, на прес конференцијата, на 5.ноември годинава, градоначалникот Аце Коцевски нагласи дека од формално правен аспект Одлуката на Советот за утврдување на цена на водата за пиење не е донесена. За одлуката која беше на дневен ред на 22 та седница на советот, одржана на 2.ноември годинава, гласаа 10 советници, 7 беа против, 2-ца воздржани поради судир на интереси, а еден се иззема од гласање.

Во случајов како што рече Коцевски 10 гласа не се мнозинство од вкупниот број на присутни членови на советот како што налага законот. Со напомена дека не треба да се дозволи Државната регулаторна комисија како независно тело да донесе одлука за повисока цена на водата, Коцевски најави дека ќе побара свикување на итна седница на Советот за решавање на ова значајно прашање за граѓаните на Велес.