Најмладите го прославија Денот на општината

Со игра, песна и креативност, најмладите велешани од сите клонови на градинката „Димче Мирчев“ го прославија 9 Ноември, Денот на Општина Велес. На манифестацијата насловена „Децата за Велес“ што денеска се одржа во Младинскиот парк, децата и нивните наставници презентираа макети од најзначјните знаменитости на Велес како Саат кулата, Спомен-костурницата, Мало мовче, споменикот на Гемиџиите.

74 години слобода, најмладите прославија со изведба на песни посветени на Велес и градинката „Димче Мирчев“. Настанот го организираше Општина Велес во соработка со градинката. Во рамките на манифестацијата, Комисијата за заштита на правата на децата при Советот на Општина Велес додели пригодни награди и пофалници за учениците –учесници на ликовниот конкурс „Велес во срцето“.