Ракометните великани го освоија Велес

Во организација на Здружението на спортски ветерани и со поддршка на Општина Велес денес во спортската сала „Гемиџии“ се одржа несекојдневен спортски спектакл. Наголемите ракометни асови на Македонија се собраа на едно место и одиграа натпревари во рамките на Турнирот на ракометни великани организиран по повод 9. Ноември, Денот на Општината.

Турнирот го отвори градоначалникот Аце Коцевски кој ја поддржа идејата овој турнир во иднина да добие меѓународен карактер. На турнирот на кој учествуваа ракометните великани како Пепи Манасков но и многу други, се натпреваруваа вкупно 6 екипи од кои четири во машка и две во женска конкуренција. Меѓу нив и женската екипа на РК „Борец“.