Во Велес засега нема да се мери загаденост на воздухот со прашина
Велес ќе остане без податоци за загаденоста на воздухот со прашина (ПМ 10 честички) до набавката на нов инструмент.
Ова стои во одговорот што на барањето на градоначалникот Коцевски, до Општина Велес го достави Министерството за животна средина и просторно планирање.
Според министерството, инструментот за ПМ 10 во мониторинг станицата „Велес 2“ е во функција од 2004 година. Со оглед на староста, неговата осетливост се намалува. Оптималната оперативност на инструментот е 10 години и веќе одамна е истечена.
Заради тоа мерниот инструмент е осетлив на промена на температура, влажност, атмосферски притисок и дава неточни податоци за измерените концентрации. Поради овој технички проблем, мерења за ПМ 10 нема да се вршат додека не се обнови опремата, информираат од министерството.