Изложба на велешките уметници

По подолг временски период по иницијатива на Општина Велес, велешките уметници се собраа заедно и ги претставија своите дела во јавноста. Во рамките на изложбата на велешките уметници организирана по повод 9 Ноември, вечерва во ликовниот салон љубителите на уметноста имаа можност да ги видат делата на вкупно 12 ликовни уметници и вајари.

Изложбата ја отвори градоначалникот Аце Коцевски. „Ве поканувам со нови иницијативи, проекти и активности да придонесете оваа уметничка целина да донесе нови дострели во развојот на уметноста на Велес како град што се препознава по својата уметничка и интелектуална авангарда“ - им порача Коцевски на велешките уметници и изрази надеж дека ќе продолжат со меѓусебната успешна соработка.

За делата на 12-те уметници, на изложбата говореше Анита Василева-Мидоска, директорка на Народниот музеј од Велес.