Ќе се награди ли домаќинското работење? -Долговите во фокусот

На прес конференцијата што се одржа на 13 ноември годинава, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста за тековните состојби со долговите.

Вкупниот пријавен долг на општината и локалните установи во овој момент изнесува 91.355.625 денари. Преостанатиот долг на Општина Велес изнесува 79.733.568 денари и тоа речиси во целост кон „ЈКП“ Дервен.

Градоначалникот предложи кога „Дервен“ ќе ги добие овие средства да ги намени за набавка на нов озонатор кој чини 200.000 евра и со кој за велешани и во иднина ќе се обезбеди безбедна и здрава вода за пиење“.

Коцевски информираше дека од локалните установи, ОСУ „Коле Неделковски“ пријавило 0 денари долг, а реално има долг од 200.000 евра за превоз. ОСУ „Димитрија Чуповски“ должи 650.851 денар, ОСУ гимназија „Кочо Рацин“ должи 5.362.299 денари, ООУ „Васил Главинов“ должи 3.786.643 денари, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ -560.000 денари, ООУ „ЈХК-Џинот“ -1.022.086 денари, ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ -40.270 денари, а ООУ „Блаже Конески“ должи 199.908 денари.

Без долгови се училиштата  ОСУ „Јовче Тесличков“, ООУ „Рајко Жинзифов, ООУ„Благој Кирков“ и ОМУ „Стефан Гајдов“.

На  новинарско прашање дека со покривање на долгови од државниот буџет очигледно владата ќе ги награди општините кои имаат најмногу долгови, наместо оние што како Велес работат домаќински и ги враќаат долговите, Коцевски рече дека има најави од владата дека општините што работеле домаќински, наредната година ќе имаат приоритет при распределбата на грантови за проекти.