Реконструкцијата на автопатската делница Велес - Градско во тек

На 14.11.2018 годинава, Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски присуствуваше на увидот во реконструкцијата на автопатската делница Велес- Градско. Увидот беше извршен од страна на Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Витанов.

Градоначалникот се заблагодари за напорите кои ги прави министерството во однос на реконструкцијата на овој дел од автопатот, посочувајќи дека очекува во најскоро време Владата да изврши прекатегоризација на патот Башино село – Велес во регионален како што беше пред 10 години, за да може државата да изврши санација на мостот.

Коцевски истакна дека очекува набрзо да заврши трајната санација на карпата на регионалниот пат Велес - Градско кај Тополка како и изградба на потпорен ѕид, со што би се создале подобри услови за одвивање на сообраќајот.