За првпат во јавност - дело на Ѓорѓи Зографски од 1921 година
Во рамките на одбележувањето на 9. Ноември, Денот на Општина Велес, вчеравечер во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ за првпат во јавноста беше откриено оригинално дело на истакнатиот македонски зограф и сликар Ѓорги Зографски.
Делото портрет на Манче Данов, кујунџија од Велес е во сопственост на семејството Манчеви кои ја овозможија неговата презентација во јавноста.
На настанот, за делото Зографски го претстави Елица Николова, кустос-историчар на уметност од Народниот музеј -Велес. Како што рече Николова делото во шеесетите години на минатиот век и било познато само на стручната, но не и пошироката јавност во Македонија. Љубителите на уметноста за првпат имаа можност да го видат делото на Зографски кое ќе биде предмет на конзервација.