Делегации од Сомбор и Ужице во посета на Велес

Во рамките на прославата за 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес, делегации од збратимените градови Сомбор и Ужице го посетија Велес и имаа можност да присуствуваат на низата настани кои беа организирани во рамките на официјалната програма.

Бранислав Митровиќ, претстедател на Собранието на Ужице и Антонио Ратковиќ, заменик на градоначалникот на Сомбор денес остварија работна средба со градоначалникот Коцевски на која беше разговарано за многубројни теми од зеднички интерес од повеќе општествени сфери.

Исто така беа разменети и примери на добра пракса во насока на изнаоѓање на ефикасни решенија за проблемите и прашањата кои ги засегаат граѓаните. На средбата се говореше и за можноста за заеднички настап во отворените повици во рамките на ЕУ фондовите.

Во идниот период ќе следат и поголем број на активности со кои ќе се зајакне и културната соработка со двете збратимени српски општини. Република Србија е меѓу петте најголеми трговски партнери на Република Македонија.