Наградата „Петре Прличко“ доделена на Младен Крстевски

Вечерва во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, на истакнатиот македонски актер и режисер Младен Крстевски свечено му беше доделена Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

Престижната награда му ја додели градоначалникот Аце Коцевски. За импозантната театарска и филмска кариера на Крстевски со стотици одиграни улоги, авторски и режисерски проекти во сферата на театарската и филмската уметност говореше Драган Миладиновски кој ја соопшти одлуката на Комисијата за доделување на наградата. Младен Крстевски упати благодарност до верната публика која како што рече вистински умее и знае да ја процени умешноста на актерите.

Во чест на Крстевски, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ја одигра претставата „Елешник“ од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова.