Хуманост во во чест на Денот на општината


Во чест на 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес, на 11 ноември годинава, во Ликовниот салон се одржа крводарителска Акција.

Акцијата ја организираа Општинската организација на Црвениот крст и Мото –клубот „Носачи на крстот“ со поддршка на Општина Велес. Во рамките на акцијата се собрани 137 Крвни единици. 111 мажи и 26 жени учествуваа во акцијата, во која за 9 лица за првпат даруваа крв.

Крводарителската акција придонесе за промоција на хуманата димензија на празникот на градот и зајакнувањето на јавната свест за крводарителството како еден од најхуманите гестови.