Словенечкиот амбасадор Јазбец во посета на Велес
Можноста за соработка со повеќе словенечки општини беше во фокусот на средбата која денес ја оствари градоначалникот Коцевски со Н.Е. проф .д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Македонија.
На средбата беше потврдено докажаното пријателство помеѓу двете земји. Амбасадорот го запозна концептот за стратегија за паметен град како и идните планови на Општина Велес во однос на одржливата урбана мобилност која ќе донесе иновативни сообраќајни решенија во интерес на граѓаните на Велес.
Словенија е една од земјите во ЕУ која може да се пофали со голем број на проекти и примери на добра пракса на овој план. Посетата на амбасадорот Јазбец претходеше на неговото учество на поетскиот перформанс по стиховите од неговата книгата "Сјајна звезда со лавовска грива" кој се одржа денес во театарот во организација на ООУ "Васил Главинов".