23 Седница на Советот на Општина Велес –Донесени програмите за 2019 година
Советот на Општина Велес на својата 23 седница ги донесе програмите за активностите на Општина Велес во сите области на надлежност за 2019 година.
Членовите на советот беа едногласни во донесувањето на програмата за активностите на општината во областа на локалниот економски развој која за 2019 година е со најголеми средства досега поради одобрениот проект од Програмата за локална и регионална конкурентност на Светска Банка финансирана од Европската Унија преку ИПА.
На седницата, советот ја донесе Одлуката за утврдување на локации за изведување на подземни садови за отпад на територијата на Општина Велес како и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за воведување на ноќно собирање на комунален/комерцијален отпад.
Советот го усвои и Кварталниот извештај за извештајниот период 01.01-30.09.2018 година.
Со 22 гласа за од присутни 23 членови, Советот ја симна од дневен ред Предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Велес.
Со 15 гласа „за“ Советот донесе Заклучок за усвојување на Решението за запирање од објавување на Решението за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Дервен“-Велес за период од 2018-2020 година.