Со зеленило против загадувањето на животната средина
Од почетокот на есента до денес Општина Велес засади 125 високовалитетни листопадни и зимзелени дрвја на повеќе локации на подрачјето на општината.
Со цел да се придонесе кон почиста животна средина насадени се пет-шест годишни претежно листопадни дрвја од видовите јавор, магнолија, бреза и други. Дрвјата се засадени во парковските и реконструираните зелени површини детско игралиште „Тунел“, паркот кај автобуската станица, улицата „Димитар Влахов“ на влезот во Велес, улицата „Благој Ѓорев“, паркот кај Офицерскиот дом.
Акциите за садење се реализираат согласно Планот за квалитет на амбиентниот воздух на територијата на Општина Велес како една од мерките за зголемување на зелените површини во урбаната средина. Засадувањето ќе продолжи, а во декември ќе биде организирана општинска акција за пошумување на ридот „Св. Илија“.
Покрај дрвајата, засадени се 34.580 љубичици, пикиран расад, кој презимува и сé до месец мај напролет ќе го разубавува урбаниот Велес и јавните површини кои ги користат граѓаните.