Едукативно предавање за болестите на зависност

Локалната библиотека врз основа на својата исклучително плодна и активна соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Велес, и во рамки на своите активности, а со поддршка на Општина Велес на 27 ноември, годинава, организираше едукативно предавање на тема болести на зависност, за учениците од средните општинските училишта.

Ноември е месец на борба против болестите на зависност, што беше повод за организирање на овој настан. 

Целта на овој благороден проект, е со заеднички и координирани напори да придонесеме за издигнување на свеста кај младите за овој реален проблем, и тоа преку реални приказни, со искуства на предавачи кои имаат повеќегодишно познавање на проблематиката од Црвениот крст и МВР.