Форумот на заедниците продолжува со работа
Денес жителите на Велес земаа активно учество на втората форумска сесија во рамките на проектот "Зајакнување на општинските совети", кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од УНДП во соработка со Општина Велес.
Во рамките на 5те дефинирани групи за изработка на проекти граѓаните имаа можност да ги презентираат и образложат своите идеи за активности кои пред сѐ им го олеснуваат животот на ранливите категории на граѓани во повеќе сегменти.
Општина Велес им се заблагодарува на граѓаните за покажаниот ангажман и ентузијазам од страна на заедниците и дава целосна поддршка за транспарентноста и инклузивноста на процесот на донесување одлуки за проекти кои се единствено во интерес на жителите на општината.
Третата форумска сесија е планирана за 6. декември (четврток) 2018та година во 13 часот.