Учениците -креативни уметници на 22. Републичка ликовна работилница

Во просториите на посебното основно училиште "Маца Овчарова" денес се отвори 22. Републичка ликовна работилница. Оваа манифестација преку големиот број на создадените креативни детски дела и отсликани керамички производи ја задржува и симболиката на велешкиот етнички идентитет.

Настанот беше организиран по повод престојниот Меѓународен ден на лицата со попреченост-3.Декември.

"Ние како општество треба да продолжиме со новините кои ги препорачува Министерството за труд и социјална политика , да го промовираме инклузивниот развој кај децата, за да ниту едно дете не се почувствува одвоено од останатите"-порача градоначалникот Коцевски во своето обраќање.

Во рамките на програмата учениците од ова училиште изведоа и драматизација заедно со актерите од Народниот театар "Ј.Х.Џинот" од Велес. Настанот е поддржан од Општина Велес.