Соработка против насилниот екстремизам
Во присуство на претставници на институциите и граѓанскиот сектор, на 30 ноември годинава, градоначалникот Аце Коцевски и претседателот на организацијата „ЦИВИЛ“ Џабир Дерала потпишаа меморандум за партнерство и соработка.
На работната средба на тема „Заедниците против насилниот екстремизам“ Коцевски и Дерала ја запознаа јавноста со напорите што се спроведуваат на национално и локално ниво во сферата на превенцијата од насилниот екстремизам, радикализацијата и борбата против тероризмот.
На средбата на која присуствуваа претставници на полицијата, локалните и националните институции, граѓански организации и медиуми беше утврден календар на активности за реализација на проектот „Заедниците против насилниот екстремизам.