Домаќинско работење со позитивни резултати
И во третиот квартал во тековната година Општина Велес бележи позитивни финансиски резултати. Ова на прес конференција, денеска го соопшти градоначалникот Аце Коцевски кој нагласи дека домаќинското и одговорното управување со средствата на граѓаните на Велес дава резултати, а сите заштедени средства ќе се искористат за проекти и активности за подобрување на животот на велешани.
„Сакам особено да го потенцирам фактот дека Општина Велес и покрај тоа што во текот на оваа година врати огромни долгови, само до први декември има вложено 79.082.077 денари за изградба на комунална инфраструктура што е повеќе во споредба со 2017 година кога за изградба на комунална инфраструктура се потрошени 68.835.076 денари. Со овој податок паѓаат во вода како целосно неосновани, злонамерни и тендециозни критиките на социјалните мрежи дека малку се градело во овој период. Бројките покажуваат дека и покрај тоа што враќавме долгови, до први декември сме изградиле многу повеќе во споредба со целата мината година, а тој податок ќе биде уште подобар до крајот на годината“, рече градоначалникот. Коцевски ги соопшти податоците за финансиските резултати во третиот квартал и тоа:
- Тековно оперативните приходи во износ од 495.441.779 денари се реализирани со 3.87 % повеќе во однос на 2017 година,
- Капиталните приходи во износ од 20.946.183 денари се 14,86 % повеќе во однос на 2017 година,
- Тековно оперативните расходи во износ од 432.329.567 се 1,01 % повеќе во однос на 2017 година
- Капиталните расходи во износ од 34.041.441 денари се реализирани со 2,59 % повеќе во однос 2017 година.
- Репрезентацијата е реализирана во износ од 21.630 денари или дури 32,4 пати помалку во однос на 2017 година кога изнесувала 700.729 денари.
- Горивото е реализирано во износ од 466.619 денари или 24,81 % помалку во однос на 2017 година кога за гориво биле исплатени 620.619 денари.
- Патните расходи се реализирани во износ од 277.867,00 денари или 56,77 % помалку во однос на 2017 година кога за патни расходи биле платени 642.732 денари
Капиталните расходи се реализирани во износ од 33.099.541 денари или за 12,68 % повеќе во однос на 2017 година.