Потпишан договорот за План за одржлива урбана мобилност на Велес
Денес во Љубљана, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и директорот на АППИА од Љубљана потпишаа договор за изработка на План за оддржлива урбана мобилност на Велес.
Планот ќе биде готов за пет месеци, по што ќе се пристапи кон изведба на нов концепт за одвивање на сообраќајот во Велес што ќе придонесе на прво место да бидат здравјето на граѓаните и безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Потоа делегацијата на Општина Велес беше во посета на Факултетот за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура на Универзитетот во Марибор, каде што со професор др. Томаж Толаци и професор др Марко Ренчељ разговараше за нови решенија за регулирање на сообраќајот во Велес, врз основа на најдобрите искуства од градовите во Словенија.