Ќе се подобрува капацитетот за наводнување во Велес и Чашка
Во рамките на најавениот проект за наводнување кој ќе се реализира во идниот период во тек е подготвителна мисија од германската развојна банка. Денес, во просториите на општината се одржа работна средба на која учествуваа Љупчо Николовски, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка, Славе Арсовски ,директор на Управата за водостопанство при министерството, Дејан Арсовски, директор на ЈПВ "Лисиче", пратениците Панче Иванов и Агим Муртезани и претставници од тимот кој ќе го реализира проектот.
Во однос на Велес проектот предвидува системот за водоснабдување „Лисиче“ да обезбедува вода за наводнување на околу 5000 хектари земјоделска површина, техничкаа вода за потребите на индустријата, полнење на езерото "Младост" и изградба на повеќе мали хидроцентрали. Веќе постои изработена предфизибилити студија за систем за наводнување на ХМС Лисиче.
Проектот ќе се финансира со средства од развојниот заем од германската влада.
Ова е еден од приоритетните проекти на Владата на ова поле. Резултатите од идните активности во проектот ќе имаат исклучителна важност и за велешкиот регион особено за развој на земјоделието како гранка. Со тоа ќе се даде допринос и кон враќање на населението во руралните средини.