Велес ќе добие нова библиотека - избран најдобар идеен проект

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ги извести граѓаните дека заврши конкурсот за избор на идеен проект за зграда за новата библиотека осносно медијатека.

„Денеска комисијата едногласно го избра првонаградениот труд. Автори на наградениот проект се инжинерите –архитекти проф др. Минас Бакалчев, професор на архитектонскиот факултет во Скопје, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски. Соработник на проектот е Марија Петрова.

Сега ни претстои  распишувањето на оглас  за изработка на основен проект. Со овој значаен проект Велес ќе добие современ, репрезентативен објект кој истовремено ќе функционира како библиотека и медиотека со можност за организација на различни едукативни и културни содржини.

Објектот  ќе се гради во Младинскиот парк на местото на постоечката барака што ја користат фолклорните друштва, на градежна парцела која во Детален урбанистички план е предвидена за оваа намена“, соопшти Коцевски. На прес конференцијата претставниците на медиумите имаа можност да ја видат првонаградената проектна идеја.