Урбанистички планови за нов лик на Велес

Општина Велес работи на нови детални урбанистички планови за уредување на градот.

На прес конференција градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста дека во постапка е изработката на детален урбанистички план во кој се опфатени градскиот парк, стадионот, Младинскиот парк, зградата на поранешниот Офицерски дом и зградата на библиотеката „Гоце Делчев“. 

Со овој план се предвидуваат повеќе нови содржини меѓу кои ротонда за нов кружен тек на сообраќајот на местото на кое сега се наоѓаат семафорите, нова пристапна улица до градскиот стандион, трибини на стадионот.

Градоначалникот информираше дека се работи и на детален урбанистички план во кој е предвиден затворен училишен базен како и друга планска документација за повеќе клучни локации во градот. Делот од деталниот урбанистички план кој ја опфаќа парцелата на која се наоѓа бензинската пумпа на „Макпетрол“ ќе го финансира оваа компанија.