Завршени значајни инфраструктурни проекти
На 21 декември годинава, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста за реализираните и тековните проекти во областа на комуналната инфраструктура.
Како што изјави Коцевски завршена е реализација на проектот за реконструкцијата на улица Самоборска со проширување во должина од 160м во вредност од околу 3.000.000,00 денари.
Завршена е реализација на проектот Реконструкција на водоводна линија за населба Превалец и населено место Оризари. Изведувач на работите е ДГ „Изгрев Инженеринг“. Вредноста на инвестицијата е 13.910.000 денари.
Завршени се градежните работи за реализацијата на проектот – ново сообраќајно решение на раскрсницата кај “Панини“ – спој на сообраќајници Благој Ѓорев – Наум Наумовски Борче, 3та Кумановска бригада и ул.Оливер Китановски.
Одобрени се средства од Европската Инвестициона Банка преку Министерство за транспорт и врски за реализација на проект од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води - Реконструкција на водоводни и канализациони линии на 9 улици во Велес“ во вредност од 40.005.479 денари или околу 650.000 евра.
Завршени се работите за бетонирање и други интервенци на вкупно 17 улици во градот и населените места. Во моментов се работат проекти за улици во индустриска зона Узус .
Во тек е тендерска постапка за избор на проектантска куќа за изработка на проектна документација за реконструкција на топловодниот систем во ООУ Блаже Конески.
Во тек се активности за отпочнување за изработка на проект за инфраструктура и основен проект за изградба на примарна и секундарна дистрибутитивна гасоводна мрежа во Општина Велес.
Градоначалникот информираше дека е завршена и интервенцијата за одделување на салата „Бели мугри“ од останатиот простор што го користи библиотеката „Гоце Делчев“. „Создадовме услови за старт со работата на Младинскиот креативен центар каде сите здруженија на граѓани, фолклорни, танцови групи, оркестри, музичари и аматерски театарски групи ќе можат да ја користат салата за вежбање и организација на настани. Во најкраток можен рок ќе избереме тим за управување со центарот кој верувам ќе обезбеди соодветни услови за граѓанскиот сектор од областа на културата и уметноста и воопшто сите граѓански организации“, рече Коцевски.