Новогодишна свеченост со маестро Зоран Џорлев и дуо „Долче“

На 27 декември, четврток, со почеток во 14 часот, во големата сала на Општина Велес ќе се одржи традиционалната новогодишна свеченост на која ќе бидат доделени стипендиите на талентираните ученици и студенти, јубилејните награди за административните службеници како и наградите што компанијата „Нулта Отпад“ веќе традиционално ги доделува за науспешните училишта во собирање на отпад што може да се рециклира, информираше денеска градоначалникот Аце Коцевски.

На свеченоста ќе бидат доделени и награди за најдобриот пожарникар, полицаец, хуманитарец и административен службеник.  Ќе бидат доделени и наградите за најдобра новогодишна илуминација во 3 категории: Најубаво уреден осветлен излог, најубаво уреден –осветлен објект-двор и најубаво уредена осветлена тераса.  Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија. Во чест на наградените ќе настапи маестро на виолина  Зоран Џорлев заедно со дуо „Долче“.