Во пресрет на празниците Коцевски меѓу лицата со посебни потреби
Денес градоначалникот Коцевски им ја честита Новата година и им подели новогодишни пакетчиња на корисниците на Дневниот Центар за лица со посебни потреби што функционира при Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа.
Koцевски им посака добро здравје и многу радости во Новата 2019 година, а во истовреме се заблагодари на вработените за нивната посветеност и благородна работа со оваа ранлива група на граѓани.
Општина Велес ќе продолжи во насока на подобрување на квалитетот на живот на лицата со посебни потреби и нивно полесно вклучување во заедницата.