Дедо Мраз измами стотина детски насмевки во Младинскиот парк
Со детски џагор и празнична еуфорија децата од осум општински основни училишта и од детската градинката „Димче Мирчев“ денес во Младинскиот парк го пречекаа Дедо Мраз и неговата придружничка Мразулка.
Темата на овогодишната прослава беше во насока на подигнување на еколошката свест кај најмладите велешани - тоа беше впрочем и мотото на манифестацијата „ Дедо Мраз во еко-патрола“.
Во тој дух, елките во Младинскиот парк блеснаа со сјајот на еко- украсите изработени од вредните детските раце. Најмладите ги пренесоа и своите новогодишни желби и пораки за зачување на животна средина.
Програмата ја збогатија балетските групи „Анабела“ и „Црни Мачиња“ како и познатиот актер и пантомимичар Кирил Трајковски-Максим.