Поддршка за граѓаните од ромската заедница

На 4. Февруари годинава градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со делегација на Советот на Европа и асоцијацијата „Сонце“ кои ја спроведуваат програмата РОМАКТЕД. Целта на програмата во која е вклучена Општина Велес е зајакнување на улогата на граѓаните од Ромската заедница во планирањето и реализацијата на проекти што целат кон подобрување на животот на Ромите.

На состанокот присуствуваа Маркос Андраде од Стразбур, менаџер на програмата, Марина Васиќ, проектен раководител, Хадис Реџепи менаџер на програмата за Македонија и Ферди Исмаили, извршен директор на ЗГ „Сонце“ како и Назмие Рамадановиќ од ЗГ „Ромска сила“-Велес.

Градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство што Велес е една од 12 македонски општини вклучени во овој европски проект  за интеграција на ромската заедница. Андраде даде позитивна оценка за досегашните успешни активности на програмата во Велес и изрази задоволство од можноста за продлабочување на соработката во рамките на оваа програма. Тој укажа на можностите за експертска помош и изнаоѓање нови форми на поддршка преку ЕУ фондовите.

Работната средба на советодавната група во која учествува Општина Велес  ќе се одржи утре во ЕУ Инфо центарот во Скопје. На состанокот ќе бидат презентирани успешните практики на Општина Велес за промоција на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.