Позитивни финансиски резултати и во IV квартал 2018

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство од постигнатите резултати во финансиското работење на општината. Како што рече градоначалникот и во четвртиот квартал во 2018 година, Општина Велес бележи позитивни финансиски резултати:

- „Репрезентацијата е реализирана во износ од 107.322 денари или верувале или не за 11,35 пати помалку во однос на 2017 година.

- Горивото е реализирано во износ од  520.837 денари или 1,56 пати   помалку во однос на 2017 година.

- Патните расходи се реализирани во износ од 673.504 денари или  1,30 пати  помалку во однос на 2017 година. 

 Капиталните расходи се реализирани во износ од  62.939.706 денари или 46.16 % повеќе во однос на 2017 година на што сум особено горд затоа што имаше многу неправедни критики во јавноста дека во Велес малку се гради, малку се инвестира, меѓутоа бројките го покажуваат сосем спротивното. Критиките во јавноста беа неосновани, во општината се работи чесно одговорно и домаќински, парите на граѓаните се трошат за  подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, а не за софри, седенки, репрезентации. Со општинската администрација и членовите на Советот на Општина Велес работиме да постигнеме максимум од можното“, рече Коцевски.