Проектот „Фудбал во училишта“ и во Велес
Во организација на Фудбалска федерација на Македонија во соработка со Федерацијата на училишен спорт денес во ОУ „ Блаже Конески“ се одржа спортски настан на кои учениците од четири основни училишта од Велес и едно училиште од Градско имаа можност да ги покажат своите вештини во фудбалот. Настанот е во рамките на големиот проект „Фудбал во училишта“ кој има цел да ја доближи најважната споредна работа на светот, фудбалот до најмладите.Со завршување на проектот се предвидува да се вклучат 15.000 ученици од цела Македонија со подеднакво учество на момчиња и девојчиња.
Општина Велес е една од 21 општини кои најактивно се вклучи во овој проект.
„Спортот е многу важен за психомоторниот развој на децата, особено во ова време на информатичка технологија кога поминувате голем дел од Вашето слободно време пред комјутерите и мобилните телефони. Би сакал да верувам дека тука има талентирани фудбалери, дека меѓу вас се кријат новиот Пандев, Панчев или Христов “– ги поздрави Коцевски учениците.