Интервентни мерки против аерозагадувањето
Во општина Велес веќе неколку месеци нема податоци за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух за ПМ10 честичките, но загадувањето на воздухот е реалност. Со подобрувањето на временските услови започна да се спроведува вонредно перење на улиците во градот кое е предвидено во Програмата за јавна чистота, а со посебен акцент на оние улици каде се изведуваа поголеми градежни активности („Самоборска“, „Благој Ѓорев“), на улици каде со снежните врнежи беше извршено посипување со абразивен материјал и кој со топењето на снегот остана во големи количини на улиците („Индустриска“,„ АСНОМ“, „Борис Трајковски“).
Се работи и на дел од главните улици во повисоките зони (Плоштад „Којник“ со улица „Васил Ѓоргов“) кои се пристапни за возилото за перење. Бидејќи интервентното перење ЈКП „Дервен“ го извршува дење, Општина Велес ги моли граѓаните и возачите за трпение и разбирање. Оваа интервентна мерка продолжува сé додека не се отстрани наталожената прашина на сите сообраќајници како извор на емисии во амбиентиот воздух.
Редовното перење на улиците во согласност со Програмата за јавна чистота за 2019 година започнува на 11 март.