Стефанија Јакимовска меѓу дваесет финалисти на Меѓународен фестивал во Мостар

„Малите деца создаваат големи светови“ е литературната творба со која Стефанија Јакимовска се најде меѓу дваесетте финалисти на Меѓународниот фестивал за деца-поети „Алекса Шантиќ“. Фестивалот се одржа на 1.и 2. февруари во Мостар. Таа го доби ова признание во конкуренција на 1500 литературни творби на деца од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Грција.

Стефанија Јакимовска е ученичка во 9.одделение во ООУ„Стојан Бурчевски- Буридан“ од село Иванковци. Таа досега под менторство на наставничката по македонски јазик Наташа Брезовска- Богоевска е добитник  на седум меѓународни, две државни и бројни училишни награди.