Започнаа форумите за проекти во вардарскиот регион
Во рамките на проектот "Одржлив, инклузивен рамномерен и регионален развој" кој го реализира Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа, а кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, денес во Велес се одржа првата форумска сесија на која граѓаните имаа можност активно да се вклучат во процесот на одлучување за реализација на приоритетни проекти за општините на Вардарскиот плански регион.
Планот на активности предвидува повеќе форумски сесии за избор и подготовка на еден, а максимум три проекти кои би се спрoведувале во периодот од април до ноември 2019 година. Од големиот број присутни граѓани, меѓу кои претставници на граѓански здруженија, јавни институции и претставници од сите општини од Вардарскиот плански регион беа разгледувани повеќе проектни идеи кои се од регионално значење, а кои се однесуваат на теми од областа на туризмот, социјалната инклузија, бизнис инфраструктурата и животната средина.
Максималната финансиската поддршка за најуспешните проекти која ја, обезбедува Швајцарската агенција изнесува 123 789 швајцарски франци, а за нивната намена одлучуваат претставниците на сите општини од регионот кои беа присутни на форумот, во согласност со нивните потреби.