Најавена 29. седница на советот
Во пресрет на денешната 29. седница на Советот на Општина Велес во име на советот, Весна Стојанова Богоевска ја информираше јавноста за дневниот ред на седницата.
На денешната седница меѓу 12 дефинирани точки ќе се расправа за годишниот извештај за работата на општината, реализацијата на програмата за отпад во 2018, предлог -програмата за управување со отпад во 2019 како и уписната политика во средните училишта. Советот ги повика граѓаните да ги следат седниците во живо и да ги користат механизмите за транспарентност на општината.