Форумот за општините од Вардарскиот регион продолжува со работа

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министертвото за локална соработка, а во рамките на проектот "Одржлив и инклизивен рамномерен регионален развој", денес (петок) 15. февруари 2019 година, во х. Гардениа, Велес, ја одржа втората по ред форумска сесија, од вкупно три.

Регионалните форуми за идентификација на проектни идеи им нуди можност на граѓаните од сите општини од Вардарскиот регион да ги предложат своите идеи преточени во конкретни проекти кои ќе допринесат за развој на регионот. Преку активна дискусија и сугестии, како од модераторите на форумот, така и од присутните, предложените проектни концепти беа презентирани и надополнети во однос на активностите. Работните групи ја закажаа третата форумска сесија за 25ти овој месец.