Во подготовка 56. издание на „Рацинови средби“

Првата седница на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“, се одржа на 21 февруари годинава во Општина Велес. На седницата, членовите на одборот ги разгледаа состојбите со распределбата на средства во Годишната програма за култура на Министерството за култура за 2019 година.

Членовите изразија загриженост од одлуката „Рациновите средби“ во 2019 година да се поддржат само со минимални 105.000 денари и побараа од премиерот и министерот за култура преиспитување на одлуката. Воедно, организацискиот одбор достави и соопштение до јавноста со образложение за нивниот став. Како што нагласи Аце Коцевски, претседател на Организацискиот одбор, „Рациновите средби“ треба да се почитуваат како една од трите најзначајни културни манифестации од национален интерес. На седницата беа предложени нови содржини за организација на 56. издание на „Рациновите средби“ во јуни годинава.


Соопштение за јавност организациски одбор Рацинови средби