Можности за поддршка од Европска инвестициона банка
Градоначалникот Аце Коцевски денеска оствари средба со претставници на консултантската куќа „ Прајсвотерхаускуперс“ која работи на анализа на потребите за финансирање на инфраструктурни проекти.
Како што нагласи Драган Давитков, директор на компанијата, во наредниот период македонските општини ќе имаат поголеми можности за пристап до финансии за значајни урбани проекти во рамките на програмите на Европската инвестициона банка и други финансиски инструменти. Градоначалникот Аце Коцевски на средбата ги презентираше стратешките приоритети за развој на Велес: Планот за одржлива урбана мобилност и Стратегијата за паметен град , гасификацијата на Велес, заштитата на животната средина и развојот на туризмот. Во наредниот период ќе бидат разгледани можностите за реализација на конкретни инфраструктурни проекти.