Завршија форумските сесии на општините од Вардарскиот регион

Скејт парк со велосипедски и пешачки патеки, реставрација на градските ѕидини на Стоби, на владетелската палата од Била Зора, Регионален бизнис центар на успешност и поставување на подземни контејнери беа предлог- проектите кои беа презентирани на последната форумска сесија, организирана од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Претставниците на граѓанскиот сектор и општините од регион, ги изгласаа трите најуспешни проекти меѓу кои најголем број на бодови доби проектот за формирање на Регионален центар на успешност за Вардарски плански регион кој ќе биде со седиште во Велес.

Општина Велес веќе неколку пати активно и успешно учествува на форуми на заедниците кои се финансирани од страна на Швајцарската агенција за обнова и развој.