15 години од смртта на Анита Кришан Лозаноска
Пред 15 години во трагичната авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар загинаа претседателот Борис Трајковски и 8 членови на екипажот меѓу кои и велешанката Анита Кришан Лозаноска. По повод 15 годишнината од овој трагичен настан што се случи на 24 февруари 2004 година, делегација на Општина Велес положи цвеќе на гробот на Лозаноска, на гробиштата во црквата „Свети Спас“.
Анита Кришан Лозаноска беше дел од тимот на претседателот што патуваше на меѓународна економска конференција. Таа работеше како советник во кабинетот на претседателот.
На гробот на Анита Кришан Лозаноска денеска цвеќе положи и делегација на кабинетот на претседателот Иванов како и членови на семејството.