Учество на Коцевски на MUNIWORLD 2019 во Израел
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, заедно со градоначалникот на Општина Газа Баба, Борис Георгиевски и заменикот министер за локална самоуправа, Дејан Павлески, на покана од Федерацијата на локалните власти на Израел, деновиве учествувааат на меѓународната конференција за општински иновации MUNIWORLD 2019. Овој важен меѓународен настан годинава се одржува од 26. до 28. февруари во Тел Авив, Израел.
Програмата на овогодинешната конференција е фокусирана на урбаните иновации во паметните градови, одржливоста, стратегии и пристапи за урбанистичко планирање и транспорт.
Главен акцент на конференцијата е урбаната безбедност, а македонските учесници директно ќе се запознаат со најиновативните системи во израелските општини и ќе имаат можност за меѓусебно вмрежување и соработка.
Околу 200 градоначалници како и министри, претставници од научни институции и од бизнис секторот ќе бидат дел од саемот MUNIEXPO 2019 кој е во рамките на конференцијата и кој претставува најголемиот годишен настан кој го организира Федерацијата на локалните власти на Израел.