Активно учество на велешани во стратегијата „Велес- паметен град“

Брзи и ефикасни услуги во Велес, поефикасен еколошки превоз, побезбеден град се само дел од размислувањата на велешани на денешната работилница, посветена на Стратегијата „Велес-паметен град 2019-2030“. На работилницата што ја организираше Општина Велес, претставниците на невладините организации, бизнис заедницата и јавните институции со активно учество и многу креативни идеи придонесоа во развојот на стратегија базирана на реалните потреби на граѓаните.


Тие анализираа повеќе аспекти  од развојот на концептот  паметен град и нивните предлози ќе бидат вградени во финалната верзија на стратегијата. Уште во текот на овој месец таа ќе биде доставена до советот на општината на усвојување. Со изготвувањето на овој документ, Велес ќе добие план со точно утврдени насоки за развој на градот со користење на најмодерните технологии во наредните десет години.

 Водејќи се од принципот на добро владење, Општина Велес и понатаму на транспарентен начин ќе ги вклучува граѓаните во донесувањето на сите стратешки одлуки.