Нова инфраструктура во градот и населените места

Општина Велес континуирано работи на реализација на програмските цели за развој на инфраструктурата во градот и населените места.

Во село Бузалково извршено е бетонирање на улица со должина од 90 метри  и ширина од 4 метри или околу 360 м2. Вредноста на работите е околу 300.000,00 ден.


Извршено е бетонирање на дел од улицата „ Коле Цветков“ – делот од раскрсницата со улицата „ЈХК Џинот“ и лево кон влезот во градинката кај Стар мост во должина од околу 50 метри и ширина од 4 метри. Постоечката бетонска подлога која беше во многу оштетена состојба е отстранета, извршено е тампонирање и бетонирање. Вредноста на работата изнесува околу 180.000, 00 ден.


Уредена е зелена површина на улицата „Самоборска“, на свиокот кон болницата. На локацијата е поставена нова урбана опрема клупи и корпи за отпадоци.

Општина Велес и во наредниот период интензивно ќе работи на подобрувањето на инфраструктурата и урбаниот живот на граѓаните.