Советот ја одржа 30. Седница

Со 41 точка на дневниот ред, членовите на советот на својата 30 седница разгледаа обемен број на предлог одлуки и извештаи.

На седницата, одржана на 14 март годинава, советот донесе одлука за обезбедување на учество на општината во реализација на проектот „Уредување на улици во С. Иванковци“ финансиран од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа– Програма за рамномерен регионален развој за 2019 год. За реализација на проектот од Бирото за регионален развој ќе биде обезбедена финансиска поддршка во висина  915.311,00 денари. Проектот треба да се реализира до 31 декември годинава.

Советот ги усвои и завршната сметка на Буџетот на Општина Велес за 2018година и годишниот извештај за работењето на Општина Велес за 2018 година. Членовите на советот ги разгледаа извештаите за работата на јавните претпријатија  како и извештаите и предлог одлуките во областа на енергетската ефикасност.

Помеѓу точките на дневен ред се разгледуваа и годишните извештаи и завршните сметки на сите училишта на подрачјето на општината. Советот не ги усвои извештаите и завршните сметки на ЈПССО „Парк спорт, “ССОУ „Коле Неделковски“, општинското основно училиште „ЈХК-Џинот“. Информацијата за работата на Полициската станица од општа надлежност Велес за 2018 година беше повлечена од дневниот ред поради отсуство на командирот на полициската станица-Велес.