Велес го врати духот на гимнастиката
Велес e домаќин на Првото државно првенство во гимнастика за основните училишта во државата што денеска се одржува во ДГС „Партизан“. Во присуство на велешките гимнастичари ветерани и околу 120 учесници од 10 општини, натпреварот го отвори градоначалникот Аце Коцевски.
Тој ја нагласи важноста на гимнастиката за Велес кој има богата традиција на гиманстички спортови и спортисти. Тој им порача на младите гимнастичари да го негуваат спортот кој носи многу придобивки во животот и е значаен за градењето на здрави и напредни генерации. Коцевски упати благодарност до организаторот на натпреварот Сојузот на училишен спорт –„Велес 2002“ и Федерацијата на училишен спорт, професорите по гимнастика од Факултетот за физичка култура и гимнастичарите ветерани од Велес кои со континуирана едукација и поттикнување на децата и младите ја негуваат традицијата на гимнастиката и го следат примерот на најистакнатите велешки и македонски гимнастичари. Гимнастичарите се натпреваруваа во две дисциплини и во повеќе категории.