Велешките акцијаши во акција
По повод 1 април, Денот на доброволното младинско ангажирање,здружението на граѓани "Акцијаш ветерани" заедно со тимови од велешката гимназија и поддршка од ЈКП "Дервен" денес организираа акција за чистење отпад на просторот покрај Железниот мост, од десната страна на реката Вардар. Она што симболично ги поврза членовите на работната бригада и преставниците на гимназијата е тоа што тие го носат името на великанот Кочо Рацин.
На денешната акција се вклучија 60тина волонтери кои дадоа личен пример на своите сограѓани за одговорен однос кон животната средина.
Во рамките на здружението "Акцијаш ветерани" кое е основано од поранешните бригадири и учесници на младински работни акции минатата година, активно делува и првата доброволна работна бригада во Велес.Веќе постојат иницијативи за формирање на слични здруженија во другите градови по примерот на велешките акцијаши.
Општина Велес ги поздравува сите граѓански иницијативи од овој вид и понатаму ќе ги поддржува сите заложби кои доведуваат до почиста животна средина и поубав изглед на градот.