Априлијада 2019 во Велес

Петстотини најмлади учесници со петстотини насмевки денес го украсија Младинскиот парк во Велес со своите креативни костими и маски.

Децата од сите клонови на градинката и основните училишта го одбележаа Денот на шегата, 1.Април. Преку забава со маски, песни, игри, модерен балет и останати точки најмладите ги испратија своите позитивни пораки до возрасните и го исполнија градот со радост и ведрина.

Оваа првоаприлска забава за најмладите велешани беше организирана од Општина Велес во соработка со градинките и сите основни училишта од градот и околината.