Коцевски на средба со чешки компании

Во рамките на денешниот македонско - чешки бизнис форум градоначалникот Коцевски оствари поголем број на билатерални средби со претставници од реномирани чешки компании.

Форумот го отвори г-н Едуард Мунички, заменик министер за индустрија и трговија на Република Чешка, кој ја истакна досегашната одлична економска соработка и пријателство кое го негуваат двете земји.

Овие компании доаѓаат од различни сектори како управување со водни ресурси, индустрија за отпад, транспорт и транспортна инфраструктура, градежништво, земјоделство и автомобилска индустрија имаа можност да ги претстават своите производи и активности пред македонската бизнис заедница.

Трговската размена меѓу двете земји минатата година изнесувала 128 милиони евра,при што бил остварен увоз од 90 милиони евра, а извоз од вкупно 38 милиони евра.