Општина Велес се вклучува во проект на UN Women за родово одговорни политики и буџети
На денешната средба, организирана во просториите на Општина Велес, градоначалникот Коцевски оствари средба со претставници на UN Women – тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените на која се разговараше за можноста за продолжување на соработката помеѓу Општина Велес и UN Women.
Г-ѓа Ивона Паунович Бишевац, национална проект координаторка за родово одговорни политики и буџети и г-дин Иван Вчков, проект координатор, ја претставија идејата за реализација на проектот "Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија" пред градоначалникот Коцевски.
Главна цел на проектот е да се подобри животот на жените и да се поддржи вклучувањето на најранливите групи преку систематска и одржлива интеграција на родовата перспектива во сите фази на националните и локалните процеси на креирање политики и буџетирање.
Градоначалникот Коцевски ја изрази подготвеноста на Општина Велес за активна вклученост во проектните активности и потпишување на меморандум за соработка, со што би се обезбедила континуирана поддршка во унапредување на процесот на институционализација на родово одговорното буџетирање на локално ниво.
Проектот за родово одговорно креирање политики продолжува со нови активности во периодот 2019-2022 година.